БАКУ (АА) - РУСЛАН РЕХИМОВ –
Четирите резолуции на Советот за безбедност на Обединетите нации (СБОН), донесени во 1993 година за ставање крај на окупацијата во Нагорно Карабах, до ден-денес не се спроведени, пишува Агенција Анадолија (АА).
Во основата на контранападот што го започна азербејџанската Армија за да ја спаси својата територија од окупацијата на ерменските сили, кои отворија оган врз цивилните населби на 27 септември, лежи неспроведувањето на релевантните резолуции на ОН.
Бидејќи СБОН не применува никаков притисок или санкции врз Ерменија, азербејџанските територии се под окупација скоро 30 години.
Резолуцијата 822 на ОН беше усвоена по окупацијата на Келбеџер (Калбаџар). Во одлуката се наведува дека стабилноста и безбедноста во регионот се загрозени и дека од ерменските сили се бара да стават крај на окупацијата.
СБОН, исто така, по окупацијата на Агдам ја донесе резолуцијата број 853. Во оваа одлука, од страните беше побарано да воспостават прекин на огнот, а ерменските сили да се повлечат од сите региони, вклучувајќи го и Агдам.
Во резолуцијата 874, донесена по окупацијата на провинциите Фузули, Џебраил и Губадли, до страните беше упатен повик за прекин на огнот.
Одлуката со број 884 е донесена по окупацијата на Зенгилан. Во одлуката се бара ерменските сили безусловно да ги напуштат сите окупирани територии. Со оваа одлука исто така беше побарано ерменските сили да ги спроведат резолуциите 822, 853 и 874, кои беа претходно прифатени.
Администрацијата на Ереван ги занемари овие одлуки, со кои се бараше итно, безусловно и целосно повлекување на ерменската Армија од окупираните територии.
Претседателот Илхам Алијев и сите азербејџански претставници повеќепати дадоа изјави дека ОН применуваат двојни аршини и дека одлуките во врска со некои земји се спроведуваат за неколку дена, а кога се работи за Азербејџан се молчи со години.
- Светот не ја признава таканаречената ерменска администрација во Нагорно Карабах -
Таканаречената ерменска администрација на окупираната азербејџанска територија Нагорно Карабах не е призната од ниту една земја, вклучително и од Ерменија, која ја штити.
Ерменија, која ѝ обезбедува економска, финансиска и воена поддршка на таканаречената администрација во Нагорно Карабах, официјално не ја признава оваа администрација бидејќи се плаши од меѓународните реакции.
Таканаречената администрација ја признаваат само администрациите на Абхазија и Јужна Осетија, кои еднострано ја прогласија својата независност од Грузија, и администрацијата на Приднестровје, која исто така еднострано ја прогласи својата независност од Молдавија.
Таканаречената ерменска администрација во Нагорно Карабах има само дипломатски односи со овие три таканаречени администрации.
- Окупација на азербејџанските територии од Ерменија -
За време на распаѓањето на Советскиот Сојуз, Ерменците националисти бараа права во Нагорно Карабах. Групите вооружени од Ерменија го окупираа Ханкенди во 1991 година, а Хоџали и Шуша една година подоцна.
Ерменските сили, кои исто така ги освоија Лачин, Хокавенд, Келбеџер и Агдере, во Агдам влегоа во 1993 година. По Агдам следуваше окупацијата на провинциите Фузули, Џебраил, Губадли и Зенгилан.
Во периодот на окупација раселени се скоро 1 милион цивили. Окупирана беше 20 отсто од азербејџанската територија.
Азербејџан и Ерменија на 4-5 мај 1994 година во Бишкек го потпишаа договорот за прекин на огнот познат како „Протокол од Бишкек“ на иницијатива на Интерпарламентарното собрание на Заедницата на независни држави, Парламентот на Киргистан, Руското федерално собрание и на Министерството за надворешни работи.
Но, примирјето остана на хартија, а илјадници војници загинаа во борбите.
Во 1992 година беше формирана групата Минск за да го промовира мирното решавање на ерменско-азербејџанскиот конфликт и конфликтот во Нагорно Карабах и да посредува меѓу страните.
Минската група на ОБСЕ, која се состои од Русија, Франција и САД, не постигна конкретни резултати за решавање на конфликтот во Нагорно Карабах, и покрај многуте обиди во изминатите 28 години.
news_share_descriptionsubscription_contact


