Ruslan Rehimov
29 Септември 2020•Ажурирај: 30 Септември 2020
БАКУ (АА) - Десет цивили ги загубија животите, а 30 се повредени во нападите извршени од ерменската Армија врз цивилните населби во Азербејџан, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во заедничкото соопштение на Министерството за надворешни работи на Азербејџан и Главното обвинителство се потсетува дека ерменската Армија во периодот од 27 до 29 септември врши напади врз цивилните населби со тешко оружје, и дека 10 цивили ги загубиле животите во нападите, а 30 цивили се повредени.
Меѓу цивилите што го загубија животот се и двајца ученици на возраст од 13 и 14 години.