Gözde Bayar
19 Јули 2022•Ажурирај: 20 Јули 2022
МОСКВА (АА) - Во нападите во близина на регионот Одеса е уништено украинско складиште за муниција со оружје испорачано од САД и европските земји, соопшти руското Министерство за одбрана, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Руските сили убија 200 милитанти користејќи високопрецизно оружје, имајќи ја како цел „привремената точка на распоредување“ во регионот Запорожје, се вели со соопштението на Министерството.
„Оружјето со висока прецизност ги погоди позициите на баталјонот на 81-та воздушна бригада на АФУ во близина на Долина, Народна Република Доњецк. Повредени се повеќе од 60 лица, додека 7 оклопни возила и 1 складиште за муниција се уништени“, се вели во соопштението.
„Руските сили уништија седум командни точки, пет складишта за муниција и два резервоари за гориво“, соопшти Министерството, додавајќи дека четири балистички ракети Точка-У и пет ракети од ракетниот систем за повеќекратно лансирање Ураган биле пресретнати.
„Уништени се вкупно 257 украински авиони и 143 хеликоптери, 1.568 беспилотни летала, 356 противвоздушни ракетни системи, 4.106 тенкови и други оклопни борбени возила, 759 повеќекратни ракетни системи за лансирање, 3.160 теренски артилериски и минофрлачки единици, како и 4.392 специјални воени возила“, се вели во ова соопштение.
Според податоците на ОН, во Украина од почетокот на војната на 24 февруари убиени се 5.110 цивили, додека над 15 милиони лица беа принудени да ги напуштат своите домови, од кои повеќе од 8,4 милиони заминаа во други земји.