Dmitri Chirciu
11 Јуни 2024•Ажурирај: 12 Јуни 2024
МОСКВА (АА) - Руското Министерство за одбрана соопшти дека две населби во Украина, една во Харков и една во областа Луганск, се под контрола на руската Армија, јавува Анадолу.
Во соопштението на Министерството се дадени информации за активностите на руските воени единици во руско-украинската војна и се наведува дека руската Армија продолжува да напредува во Украина.
Наведено е дека како резултат на активните дејствија на единиците на Западната воена група, се „ослободени“ населбата Артјомовска на Луганската Народна Република и населбата Тимковка во областа Харков.
Во соопштението се наведува дека е уништен борбен авион „Су-27“ и 1 „Су-25“ на украинското воздухопловство, а 45 беспилотни летала се соборени од руските системи за противвоздушна одбрана.
Од почетокот на воената операција, според руски извори, уништени се 613 авиони, 276 хеликоптери, 25.559 беспилотни летала, 528 ракетни системи, 16.312 тенкови и оклопни возила, 1.332 повеќекратни ракетни фрлачи, 10.332 хаубици и минофрлачи и 22.445 специјални воени возила на украинската Армија.