Burç Eruygur
15 Декември 2022•Ажурирај: 16 Декември 2022
ИСТАНБУЛ (АА) - Русија ги предупреди Соединетите Американски Држави (САД) да не го испраќаат својот систем за противракетна одбрана „Патриот“ во Украина, нагласувајќи дека тоа го зголемува ризикот од директно вклучување на Вашингтон во конфликтот, јавува Агенција Анадолија (АА).
„Многу експерти, вклучително и оние во странство, се сомневаат во мудроста на таквиот чекор, кој би довел до ескалација на конфликтот и би го зголемил ризикот од директно вклучување на Американската армија во непријателствата“, рече портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, на брифингот со новинарите.
Таа истакна дека САД вршат притисок врз другите земји членки на НАТО за „позначајна“ воена поддршка за Украина.
„Русија го гледа целото оружје што ѝ е доставено на Украина како легитимна воена цел кое може да биде уништено или запленето“, рече Захарова.