Emre Gürkan Abay
02 Септември 2017•Ажурирај: 03 Септември 2017
МОСКВА (АА) - Најмалку две лица загинаа по пад на акробатски авион во близина на руската престолнина Москва, јавува Anadolu Agency (AA).
Руската новинска агенција РИА Новости потврди дека акробатскиот авион од руско производство „AN-2“ паднал за време на егзибицискиот лет во местото Балашиха, недалеку од Москва.
Во падот на авионот загинаа двајцата пилоти, додека меѓу посетителите на аеромитингот нема загинати, ниту повредени.
Не се познати причините за падот на авионот.