Ahmet Dursun
07 Јануари 2020•Ажурирај: 08 Јануари 2020
АНКАРА
Русија, во координација со Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) и Египет, испрати платени војници од Сирија во Либија, со цел да војуваат во редовите на пучистот генерал Калифа Хафтар, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според веста на весникот „Араб ел Џедид“ со седиште во Лондон, на аеродромот во Бенгази слетале два воени авиона на Руските воздухопловни сили во кои се наоѓале руски платени војници, што во последните три дена се донесени од Сирија.
Платените војници, испратени во координација со ОАЕ и Египет, дејствуваат во рамки на две компании за обезбедување наречени „Моран“ и „Скит“.
Исто така во Либија се испратени и некои сириски државјани кои работат за руските сили.
Во веста се наведува дека овој потег на Русија има за цел зајакнување на картите на Русија против Турција, која ја поддржува меѓународно легитимната Влада на национално единство во Либија.