Hacer Başer
07 Јануари 2020•Ажурирај: 08 Јануари 2020
ДАЛИ
Хусите во Јемен извршија воздушен напад врз кампот за воена обука во градот Дали, при што животот го загубија 9 војници, додека 6 војници се повредени, јавува Агенција Анадолија (АА).
Според информациите добиени од безбедносни извори, Хусите со вооружено беспилотно летало извршиле напад врз кампот за воена обука во северниот дел на Дали.
Според првичните сознанија, во нападот загинале 9 војници, додека 6 војници се повредени.
Се вели дека овие војници биле во рамките на 4. Бригада во јеменскиот град Иб, и дека во Дали дошле за обука.