Emre Gürkan Abay
12 Септември 2018•Ажурирај: 13 Септември 2018
МОСКВА (АА) - Министерот за економија и развој на Русија, Максим Орешкин, истакна дека поради чекорите на САД за протекционизам, земјите почнаа да се оддалечуваат од користењето на доларот како платежно средство во трговијата, јавува Anadolu Agency (AA).
„Aмериканскиот долар повеќе не се смета за валута погодна и ефикасна за плаќања и инвестиции”, рече Орешкин.
Орешкин на Источниот економски форум кој се одржа во Владивосток во Русија, ја оцени можноста за употребата на домашните валути во глобалната трговија наместо доларот.
Нагласувајќи дека значаен дел од трговијата помеѓу Русија и Кина се спроведува со националните валути, Орешкин додаде: „И нашите јапонски партнери се свесни за новите глобални случувања. Главната причина за желбата за користење на домашните валути е чекорите што ги преземаат САД за заштита на домашното производство од надворешна конкуренција“. Според Орешкин, во глобалната трговија довербата во американскиот долар е намалена.
„Aмериканскиот долар повеќе не се смета за валута погодна и ефикасна за плаќања и инвестиции. Одговорот за сите негативни аспекти на глобалната економија се состои во продлачување на соработката во различни области, на пример, да се зголеми употребата на домашната валута“, истакна Орешкин, министерот за економија и развој на Руската Федерација.
Рускиот претседател, Владимир Путин, исто така, вчера изјави дека ја поддржува поинтензивната употреба на националните валути во билатералната трговија.