Dmitri Chirciu
09 Мај 2020•Ажурирај: 10 Мај 2020
МОСКВА
Избувна пожар во болницата во која се лекуваат пациентите заразени со новиот вид коронавирус (Ковид-19) во рускиот главен град Москва, при што животот го загуби едно лице, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според веста на руската новинска агенција ТАСС врз основа на информациите добиени од надлежните од Министерството за итни состојби, избувна пожар во првиот кат од шесткатната болница во Москва, во која се лекуваат пациентите заразени со Ковид-19.
Во веста се нагласува како резултат на пожарот, животот го загуби едно лице.
Градоначалникот на општина Москва, Сергеј Собјанин, соопшти дека сите пациенти и вработени се евакуирани.
Според првичните сознанија, пожарот избувнал поради дефект на медицинска опрема.