Elena Teslova
11 Август 2023•Ажурирај: 14 Август 2023
МОСКВА (АА) - Руската Северна флота денес започна воена вежба со цел развивање активности за заштита на суверенитетот на земјата во водите на Северната морска рута, пренесува Анадолу.
„За време на вежбата, под раководство на командантот на флотата, адмиралот Александар Мојсеев, ќе бидат тестирани различни опции за функционирањето на флотата при извршување задачи за заштита на суверенитетот на Руската Федерација во водите на Северната морска рута“, соопшти прес-службата на флотата.
Во вежбата учествуваат над 8.000 припадници на воениот персонал, 20 воени бродови, подморници и бродови за поддршка, 5 авиони и 50 единици борбена и специјална опрема.
Во соопштението се наведува дека вежбата има за цел и да ја процени координацијата на единиците и силите на флотата за време на практично спроведување на задачите.
Персоналот ќе биде обучен за изолирање области на операции, блокирање и уништување диверзантски и извидувачки групи.