Elena Teslova
27 Ноември 2022•Ажурирај: 28 Ноември 2022
МОСКВА (АА) - Русија тврди дека Соединетите Американски Држави (САД) развиле „синтетички патоген на коронавирусот врз основа на сојот Oмикрон и оригиналниот вид Вухан, пренесува Агенција Анадолија (АА).
„Модифицираниот вирус што го развија Американците уби 80 отсто од заразените животни-модели, предизвикувајќи абнормални невролошки знаци и значително оштетување на белите дробови. Тестирањето на антителата откри 11-кратно намалување на нивниот капацитет да го неутрализираат новиот вирус, како и неефикасност на актуелните вакцинации“, изјави на прес-конференција Игор Кирилов, шефот на трупите за биолошка и хемиска одбрана.
Кирилов истакна дека модифицираниот вирус е развиен од Универзитетот во Бостон.
Тој додаде дека САД ги продолжуваат своите воени биолошки активности во трети земји и претпочитаат спроведување експерименти во странство поради високиот ризик од несреќи.
„Русија“, нагласи тој, „ќе побара создавање ефикасен механизам за следење на ваквите активности на претстојниот состанок на Конвенцијата за биолошко оружје.“
Во одделно соопштение, Министерството за одбрана, исто така, истакна дека Москва и Киев одржале уште една размена на воени затвореници и дека како резултат на тоа, девет руски војници се вратиле од украинско заробеништво.