Ali Cura
11 Април 2022•Ажурирај: 12 Април 2022
МОСКВА (АА) - Портпаролот на руското Министерство за одбрана, Игор Конашенков, истакна дека со високопрецизни ракети „Калибр“ од море го погодиле ракетниот систем за противвоздушна одбрана С-300 што Словачка ѝ го испорача на Украина, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Конашенков даде информации за активностите на руската Армија во тековната војна во Украина. Тој истакна дека вчера е употребено оружје со висока прецизност против цели во Украина.
„Ракетниот систем за противвоздушна одбрана С-300, што му беше доставен на режимот на Киев од европска земја во јужниот периферија на регионот Днепар, беше уништен со високопрецизни ракети од морето. Четири фрлачи С-300 и околу 25 лица од Украинските вооружени сили се погодени“, рече тој.
Конашенков нагласи дека со ракети со висока прецизност од воздух уништена е базата за поправка на оружје, вклучително и ракетните системи за противвоздушна одбрана „Бук-M1“ и „Оса-AKM“, лоцирани во близина на населбата Великаја Новоселовка.
Според него, уништени се 2 арсенали за оружје во Миколајив и Јовтневоје, а исто така уништен е и радарот што се користи за управување на системот С-300 во регионот Успеновки.
Меѓу другото, Конашенков наведе дека со високопрецизно оружје погодиле 9 тенкови, 5 хаубици и 5 ракетни фрлачи во близина на Воздивијенка и Ивановка во регионот на Доњецк.
Тој нагласи дека 2 воени авиони „Су-25“ на украинската Армија се соборени во близина на градот Изјум, и дека уништени се 78 воени елементи на украинската Армија.
„Досега кај украинската Армија уништени се 129 авиони, 99 хеликоптери, 243 ракетни системи за противвоздушна одбрана од типовите ‘С-300‘, ‘Бук-М1‘ и ‘Оса АКМ“, 441 беспилотно летало, 2.079 тенкови и оклопни возила, 239 ракетни фрлачи, 909 хаубици и топови, 2.003 воени возила“, рече Конашенков.
Минатата недела словачкиот премиер Едуард Хегер соопшти дека на Украина ѝ го дале ракетниот систем за воздушна одбрана С-300.