Muhammet Nazım Taşcı
11 Април 2022•Ажурирај: 12 Април 2022
ИСЛАМАБАД (АА) - Во Пакистан приврзаниците на поранешниот премиер Имран Кан одржаа протести во различни градови низ земјата откако беше изгласана недоверба на Владата на Кан, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според јавувањата на локалните медиуми, демонстрации се одржани во Карачи, Лахоре, Пешавар, Мултан и други градови, како и во главниот град Исламабад, на повик на лидерот на пакистанската Партија на правдата (PTI), Имран Кан.
Во главниот град Исламабад, демонстрантите формира конвој со своите возила. Држејќи знамиња на Пакистан и на Партијата на правдата, извикуваа слогани за поддршка на Имран Кан, а исто така упатија реакции кон ривалските партии кои обезбедија разрешување на Кан.
Од друга страна, поранешниот премиер Кан преку Твитер им се заблагодари на Пакистанците кои протестираа против „промена на режимот поддржан од САД и неговите локални соработници.“
- Изгласана недоверба на Владата на Имран Кан -
Вчера, како резултат на изгласувањето недоверба од страна на Парламентот во Пакистан падна Владата на Имран Кан.
Седницата за гласање недоверба, која започна во 11:30 часот по локално време на 9 април, заврши вчера во 01:00 часот.
На гласањето за недоверба во Парламентот, 174 пратеници гласаа против Владата на премиерот Имран Кан.