Ali Cura
20 Декември 2022•Ажурирај: 21 Декември 2022
МОСКВА (АА) - Рускиот претседател Владимир Путин потпиша декрет во кој нагласува дека бесплатни земјишни парцели во предградијата на Москва, Крим и Севастопол ќе бидат доделени на војници-ветерани кои учествувале во војната во Украина и добиле награди за извонредни заслуги, јавува Агенција Анадолија (АА).
Декретот за дополнителни мерки за поддршка на Армијата беше објавен на официјалната веб-страница на рускиот државен информативен систем.
Дополнително, се очекува социјална поддршка за роднините на војниците кои загинале во областа на „специјалната воена операција“ за време на конфликтот или поради болест.
Одлуката стапи во сила на денот на нејзиното потпишување.