Ali Murat Alhas
09 Март 2021•Ажурирај: 10 Март 2021
РИМ (АА) - Швајцарската компанија „Адиен Фарма & Биотек“ ќе ја произведува руската вакцина против коронавирусот „Спутник В“ што претставува прв договор за производство на руската вакцина во Европа, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Повикувајќи се на италијанско-руската стопанска комора, италијанската новинска агенција „Аднкронос“ соопшти дека компанијата и Рускиот фонд за директни инвестиции потпишале договор во врска со производството.
Според договорот, компанијата ќе може да започне со производство во јули и да произведе 10 милиони дози до крајот на 2021 година.
Европската агенција за лекови (ЕМА), регулаторот за лекови на ЕУ, на 4 март објави дека започнала со разгледување на вакцината „Спутник В“.