Sinan Doğan,Muhammed Emin Canik
09 Март 2021•Ажурирај: 10 Март 2021
БОГОТА (АА) - Продолжува високата смртност предизвикана од новиот тип коронавирус (Ковид-19) во земјите на Латинска Америка, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во последните 24 часа од новиот тип коронавирус во Бразил починаа 987 лица, 319 во Мексико, 241 во Аргентина, 95 во Колумбија, 119 во Перу, 86 во Чиле и 22 во Боливија.
Според податоците објавени од Министерството за здравство на Бразил, во последното деноноќие во Бразил починале 987 лица заразени со Ковид-19, со што вкупната бројка на лица што починале од коронавирусот се зголеми на 266.398. Бројката на лица кај кои во последните 24 часа е детектиран Ковид-19 изнесува 32.321, зголемувајќи го вкупниот број позитивни на коронавирусот на 11.51.665.
По Соединетите Американски Држави (САД) и Индија, Бразил е трета земја во светот според бројката на лица позитивни на коронавирусот, а на 2. место според бројот на починати. Во оваа земја досега оздравеа 9.782.320 лица претходно позитивни на Ковид-19.
- Мексико -
Министерството за здравство на Мексико соопшти дека во последните 24 часа во земјата починале 319 лица заразени со коронавирусот, а детектирани се 1.877 новозаразени.
Во Мексико досега се регистрирани 190.923 смртни случаи, бројката на заболени изнесува 2.130.477, а досега оздравеа 1.675.996 лица позитивни на Ковид-19.
Мексико со популација од 126 милиони жители, се наоѓа на 13. место во светот според бројот на лица позитивни на Ковид-19, а на 3. место според бројот на починати на листата што ја објавува интернет-страницата „Worldometers“, која секојдневно ги ажурира податоците поврзани со пандемијата на коронавирусот во земјите од светот.
- Аргентина -
Министерството за здравство на Аргентина информираше дека во последното деноноќие починале 241 лице од последиците предизвикани од Ковид-19, со што вкупната бројка смртни случаи во земјата се зголеми на 53.121. Во истиот период детектирани се 5.058 новозаразени, со што вкупниот број лица позитивни на коронавирусот се искачи на 2.154.694.
Во Аргентина, која има 45 милиони жители, досега оздравеа 1.951.540 лица заразени со коронавирусот.
Иако Аргентина спроведе многу долг карантин како превенција од ширењето на коронавирусот, сепак оваа земја според бројот на лица позитивни на вирусот се наоѓа на 12. место во светот.
- Колумбија -
Според информациите што ги објави Министерството за здравство на Колумбија, во последните 24 часа од Ковид-19 починале 95 лица, зголемувајќи го вкупниот број смртни случаи на 60.598.
Во последните 24 часа детектирани се 2.205 лица позитивни на коронавирусот, зголемувајќи го вкупниот број на заразени со вирусот на 2.278.861. Во оваа земја досега оздравеа 2.180.777 заразени со Ковид-19.
Колумбија, која брои популација од околу 50 милиони, е 11. земја во светот според бројката на заразени со Ковид-19.
- Перу -
Според информациите што ги објави Министерството за здравство на Перу, во последните 24 часа починале 119 лица од последиците предизвикани од коронавирусот, а детектирани се 1.790 новозаразени.
Во оваа земја вкупниот број заразени се зголеми на 1.374.467, од кои починаа 47.973 лица, а оздравеа над 1.282.228 лица кај кои бил детектиран коронавирусот.
- Чиле -
Министерството за здравство на Чиле соопшти дека во последните 24 часа починале 86 лица од последиците предизвикани од Ковид-19, зголемувајќи ја вкупната бројка на смртни случаи во оваа земја на 21.163.
Во истиот период регистрирани се нови 4.733 случаи на заразеност со Ковид-19, зголемувајќи го вкупниот број на лица позитивни на коронавирусот на 860.533, а оздравеа вкупно 809.941 лице претходно заразени со коронавирусот.
- Боливија -
Министерството за здравство на Боливија соопшти дека во последните 24 часа се детектирани 22 смртни случаи предизвикани од Ковид-19, а бројката на новозаразени изнесува 463.
Вкупниот број на заразени во оваа земја изнесува 254.736, додека бројката на смртни случаи предизвикани од Ковид-19 се зголеми на 11.845. Досега оздравеа 199.000 лица позитивни на коронавирусот.