Dmitri Chirciu
06 Март 2020•Ажурирај: 06 Март 2020
МОСКВА (АА) - Руските медиуми посочија дека средбата на претседателот Реџеп Таип Ердоган и рускиот претседател Владимир Путин ќе помогне во подобрување на состојбата во Идлиб, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Руските медиуми ја оценија вчерашната средба помеѓу Ердоган и Путин, што се одржа во Москва, главниот град на Русија.
Со насловот „Русија и Турција се согласија за прекин на огнот во Идлиб“, весникот „Ведомости“ наведе дека двете земји се согласиле за заеднички документ.
Весникот „Известија“, веста за Самитот ја објави со насловот: „Процес за прекин на огнот: Рускиот и турскиот лидер се согласија за нов документ“. Исто така, во веста се нагласува дека „Средбата ќе помогне во подобрувањето на ситуацијата во регионот“.
„Рускаја газета“, подвлекувајќи дека средбата траела околу шест часа, нагласи дека договорот постигнат помеѓу двајцата лидери за Идлиб ќе помогне во мировниот процес.
Руската новинска агенција ТАСС, во веста со наслов „Русија и Турција најдоа решение за Идлиб“ истакна дека двете земји се обврзале дека треба да се заштитат суверенитетот и територијалниот интегритет на Сирија.