Murat Temizer
29 Март 2023•Ажурирај: 30 Март 2023
СТОКХОЛМ (АА) - Шведска го повика амбасадорот на Русија во Стокхолм во Министерството за надворешни работи по изјавата дека Шведска, доколку влезе во НАТО, ќе стане „легитимна цел на руските одмазнички мерки“, пренесува Анадолу.
Шведскиот министер за надворешни работи Тобијас Билстром истакна дека изјавата објавена на интернет-страницата на руската амбасада е „очигледен обид да се изврши влијание“.
Билстром за шведската новинска агенција TT потврди дека рускиот амбасадор Виктор Татаринчев е повикан на разговор во шведското МНР поради спорната изјава.
„Само Владата на нашата земја ја одредува безбедносната политика на Шведска и никој друг“, истакна министерот Билстром.
Шведска и нејзиниот сосед Финска поднесоа барање за членство во НАТО, по почетокот на војната помеѓу Русија и Украина.
Додека процесот за ратификација на барањето на Финска за членство во НАТО е при самиот крај, барањето на Шведска чека ратификација од Туркије и Унгарија.