Ahmet Gençtürk
29 Март 2023•Ажурирај: 30 Март 2023
АТИНА (АА) - Грција денес го одобри долго одолговлечуваното купување на ракетните системи СПАЈК-НЛОС од израелско производство, пренесува Анадолу.
Одлуката е донесена за време на состанокот на Советот за национална безбедност со кој претседаваше премиерот Киријакос Мицотакис, соопшти Кабинетот на грчкиот премиер.
На состанокот се разговарало и за најновиот развој на тековната програма за вооружување на земјата.
Понатаму, била разгледана и ситуацијата со циркулацијата на нерегуларните мигранти во земјата, како и за мерките против шумски пожари.
Грција неодамна потпиша повеќе големи договори за оружје, меѓу кои и договор за дронови од Израел, авиони „Рафал“ од Франција, како и за надградба на нејзината флота авиони Ф-16 од САД.
Атина, исто така, му пристапи на Вашингтон за потенцијално купување на најмалку 20 стелт-авиони Ф-35 и на Берлин за надградба на својата флота тенкови „Леопард 2“ и купување оклопни возила „Линикс“.