Emre Gürkan Abay
23 Март 2022•Ажурирај: 23 Март 2022
МОСКВА (АА) - Александар Новак, вицепремиерот на Русија, во своето обраќање пред Думата, Долниот дом на рускиот Парламент, даде оценка за санкциите во енергетскиот сектор воведени кон неговата земја, јавува Агенција Анадолија (АА).
Вицепремиерот Новак, изјавувајќи дека цените на бензините во САД се зголемиле за 19 отсто поради ембаргото на руската нафта, го рече следното: „Проблемите околу поскапувањето се обидуваат да ги пренасочат кон Русија, но јасно е дека нашата земја нема никаква врска со оваа криза.“
Toj нагласи дека и Европа има проблеми во однос на прашањето за енергијата.
„Русија никогаш не ги користела своите енергетски ресурси како оружје. Дури и сега, и покрај тешката геополитичка ситуација, продолжуваме да доставуваме гас за европските потрошувачи во согласност со договорите“, истакна Новак.
Рускиот вицепремиер ги нарече за „апсурдни“ забраните за гасоводот „Северен тек 2“.
„Европската Унија, каде што цените растат, а енергетските ресурси се дефицитарни, под притисок на САД одби да го пушти во употреба „Северен тек 2“, кој веќе е изграден. Како резултат на тоа, цената на струјата во Европа се зголеми за десетпати, а цената на природен гас е повисока за петпати во споредба со минатата година“, рече Новак.
Посочувајќи дека Русија е најголемиот светски извозник на енергетски ресурси, Новак истакна: „Без руските енергетски ресурси, глобалните пазари на природен гас и нафта би пропаднале. Без руските јаглероводородни ресурси, непредвидлив би бил растот на цените на енергијата.“