Ali Cura
28 Март 2022•Ажурирај: 29 Март 2022
МОСКВА (АА) - Рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, истакна дека се надева дека преговорите лице в лице меѓу Русија и Украина во Истанбул ќе бидат успешни, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Лавров во интервју за српските медиуми даде оценки за преговорите за прекин на огнот во војната меѓу Русија и Украина.
Истакнувајќи дека рускиот претседател Владимир Путин не одбил да се сретне со украинскиот претседател Владимир Зеленски, Лавров рече: „Важно е состанокот што ќе се одржи да биде подготвен добро. Многу проблеми се акумулираа со текот на годините. Затоа, средбата и размената на ставови од видот што мислите вие и што мислам, ќе има само спротивен ефект.“
Оценувајќи ги преговорите меѓу Русија и Украина за обезбедување прекин на огнот, Лавров рече дека по почетокот на војната, украинската страна понудила веднаш да започнат преговори и дека руската страна го прифатила тоа.
„Преговорите лице в лице меѓу Русија и Украина ќе започнат повторно денеска-утре во Истанбул. Се надеваме дека преговорите ќе бидат успешно завршени“, рече Лавров.
Наведувајќи дека како резултат на преговорите сакаат да се стави крај на смртта на цивилите што се случува 8 години во Донбас, Лавров рече дека целото западно општество останало безгласно за време на бомбардирањето на цивилните инфраструктури, болници, градинки и станбени објекти во Донбас.
Лавров исто така рече дека Русија ќе биде подготвена да разгледа и други градови за разговори со Украина во иднина, вклучувајќи го и Белград.
Посочувајќи дека преговорите треба да бидат прифатливи за двете делегации, Лавров потсети дека првите три рунди преговори лице в лице се одржале во Белорусија, а потоа средбите лице в лице биле технички прекинати.
„Сега е договорено да се сретнеме во Истанбул. Ова е географски погодно место за двете страни. Повторувам, секако дека ќе бидеме подготвени да разгледаме други места, вклучително и Белград“, нагласи Лавров.