Betül Yürük
20 Ноември 2020•Ажурирај: 21 Ноември 2020
ЊУЈОРК (АА) - Џо Бајден, новоизбраниот претседател на Соединетите Американски Држави (САД), изјави дека нема да ја затвора економијата на земјата поради пандемијата на коронавирусот (Ковид-19), јавува Агенција Анадолија (AA).
По состанокот со гувернерите на десет сојузни држави, Бајден истакна дека не планира да воведува рестриктивни мерки за економијата.
„Нема да ја затворам економијата. Ќе го победиме вирусот“, рече Бајден.
Додаде дека ситуацијата по региони е различна.
„Затоа, ова нема да бара запирање на економијата во целата земја“, истакна Бајден.
Од друга страна, Бајден, кој веќе започна со обликување на Кабинетот, изјави дека наскоро ќе го објави името што ќе го преземе Министерството за трезор, пред или по Денот на благодарноста, кој во САД се одбележува на 26 ноември.
Новоизбраниот американски претседател, Џо Бајден, треба да ја преземе функцијата на 20 јануари.