Sümeyye Dilara Dinçer,Muhammet Tarhan
20 Ноември 2020•Ажурирај: 21 Ноември 2020
АНКАРА
Бројот на луѓе заразени со новиот вид на коронавирус во светот надмина 57,2 милиони, јавува Агенција Анадолија (АА).
Интернет страницата „Worldometer“ објавува ажуриран преглед на глобалната епидемиолошка слика од почетокот на пандемијата на Ковид-19, а според најновите податоци, бројот на случаи на заразување во светот се зголеми на 57.239.964.
Досега во светот починаа 1.365.695 лица од Ковид-19, додека излекувани се 39.734.942 лица. Бројот на активни случаи моментално се наоѓаат 16.139.327.
Пандемијата на Ковид-19 најтешко ги погоди САД, каде се заразени 12.070.712 лица.
Според бројот на заразени, после САД следуваат Индија (9.004.365), Бразил (5.983.089), Франција (2.086.288), Русија (2.015.608), Шпанија (1.574.063), Велика Британија (1.453.256), Аргентина (1.349.434), Италија (1.308.528), Колумбија (1.225.490), Мексико (1.019.543), Перу (943.917), Германија (878.209), Иран (815.117), Полска (796.798), Јужноафриканска Република (759.658), Украина (583.510), Белгија (550.264), Чиле (536.012) и Ирак (529.226).