Mehmet Alaca
01 Декември 2021•Ажурирај: 02 Декември 2021
ПАЈЛОТ МОУНТИН (АА) - Во шумскиот пожар во државниот парк „Пајлот моунтин“ во американската сојузна држава Северна Каролина, уништени се 400 хектари земјиште, јавува Агенција Анадолија (АА).
Властите соопштија дека дури 20 отсто од пожарот е под контрола.
Официјалните претставници на шумарската служба на Северна Каролина проценуваат дека пожарот, кој изби на 27 ноември, е предизвикан од човечка грешка.
Сепак, најавено е дека ќе биде спроведена истрага за да се утврди причината за пожарот. Паркот е затворен.
Властите на 29 ноември воведоа забрана за палење оган на отворено.