Safvan Allahverdi
06 Март 2020•Ажурирај: 06 Март 2020
ВАШИНГТОН (АА) - Американскиот Стејт департмент соопшти дека Соединетите Американски Држави (САД) го поддржуваат прекинот на огнот во сириски Идлиб, пренесува Агенција Анадолија (АА).
„Ние го поддржуваме турско-рускиот прекин на огнот со кој се надеваме дека ќе се елиминира многу опасната ситуација во Идлиб и ќе се ублажи страшната хуманитарна криза предизвикана од нападите врз цивилните области од страна на режимот на Асад, и силите на Русија, Иран и Хезболах“, се истакнува во даденото соопштение на Стејт департментот за Агенција Анадолија во врска со договорот за прекин на огнот во Идлиб.
„САД чекаат со Турција, НАТО-сојузникот, да разговараат за деталите од договорот“, се вели во соопштението, и се додава: „Сега најважниот дел е да видиме дали Асад и неговите поддржувачи ќе го применуваат договорот кој предвидува постојан прекин на огнот.“
Во соопштението се истакнува и дека единствениот начин да се стави крај на конфликтот во Сирија е да се обезбеди прекин на огнот низ целата земја и да се најде политичко решение според Резолуцијата 2.254 на Советот за безбедност на Обединетите нации (СБОН).
Како резултат на преговорите меѓу турската и руската делегација вчера во Москва, претседателот Реџеп Таип Ердоган и рускиот претседател Владимир Путин соопштија дека е постигнат договор за прекин на огнот во Идлиб.