Hakan Çopur
16 Август 2021•Ажурирај: 16 Август 2021
ВАШИНГТОН (АА) - Американскиот Стејт департмент соопшти дека целиот персонал од Амбасадата во Кабул е безбедно префрлен на аеродромот „Хамид Карзаи“, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Нед Прајс, портпаролот на американскиот Стејт департмент, во писмено соопштение ја сподели моменталната ситуација во врска со евакуацијата на персоналот од Амбасадата во Кабул.
„Трансферот на целиот персонал [од Амбасадата во Кабул] е завршен безбедно. Целиот персонал сега е стациониран на аеродромот Хамид Карзаи, кој е опкружен со американска војска“, се вели во соопштението на портпаролот Прајс.
Во операцијата за евакуација, во која учествуваа околу 6.000 американски војници, се очекува илјадници лица од американскиот персонал и околу 2.000 Авганистанци, кои ги поддржаа САД, да бидат евакуирани од земјата.
Американската администрација неодамна сооопшти дека ќе ги зголеми безбедносните мерки околу аеродромот „Хамид Карзаи“ и дека ќе ја преземе контролата на летање на аеродромот за безбедна евакуација на Американците од Кабул.