Selçuk Acar
27 Август 2017•Ажурирај: 28 Август 2017
ЊУЈОРК (АА) - Кучето Отис, кој ја носеше својата храна во една торба, стана херој во невремето од ураганот „Harvey“ (Харви), кој во првиот американски град што го погоди, Рокпорт, животот го загуби најмалку едно лице, додека 12 се повредени, јавува Anadolu Agency (AA).
Ураганот Харви, кој е активен во американската сојузна држава, Тексас, го намали својот интензитет и се претвори во тропска бура, додека поплавите предизвикани од овој ураган го попречи животот на граѓаните. Во текот на овој период, куче од германска раса, кој заедно со себеси ја спаси торбата каде се наоѓаше неговата храна, беше прогласен за „херој“.
Фотографијата на Отис на која се прикажува како тој оди со торбата со храна во градот Синтон во Тексас, привлече голем интерес на социјалните мрежи. Фотографијата на Отис беше споделена на социјалната мрежа „Facebook“ (Фејсбук) најмалку 10.000 пати.
Харви, чиј интензитет се намали од четврта во прва категорија и се претвори во тропска бура, со брзина од 150 километри на час, предизвикува поплави.
Оштетени се повеќе згради меѓу кои, едно училиште и судскиот објект во градот Рокпорт во Корпус Кристи, првото место погодено од ураганот Харви. Според соопштеното, најмалку едно лице го загуби својот живот, додека 12 се поврдени.
Гувернерот на Тексас, Грег Абот, сѐ уште не даде информации за жртвите, но соопшти дека 50 од 254 административни зони се прогласени за области на катастофа.
Граѓаните кои живеат во близина на реката Брасоз во градот Хјустон, се евакуирани. Вклучени се и 1.300 војници.
Се предупредува дека бурата Харви и поплавите сѐ уште можат да претставуваат опасност по човечкиот живот.