Alperen Aktaş
10 Февруари 2024•Ажурирај: 13 Февруари 2024
Двајца од петте патници во мал авион загинаа кога авионот се урна на автопат во американската сојузна држава Флорида, соопштија официјални лица, пренесува Анадолу.
Темниот чад се издигнуваше во воздухот од авионот од типот „Bombardier Challenger 600“, кој се урна на автопатот „Interstate 75“ во југозападна Флорида.
Во соопштението на Федералната управа за авијација (FAA) се наведува дека во приватниот авион имало пет патници. Причините за несреќата се истражуваат во соработка со локалните власти.
Канцеларијата на шерифот на округот Колиер соопшти дека има две потврдени смртни случаи во несреќата.
Не беа дадени детали во врска со идентитетот на лицата во авионот што летал од државата Охајо кон Форт Лодердејл, Флорида.
Автопатската патрола веднаш реагирала на несреќата во реонот на Нејплс. Агенцијата за контрола на летање што работи во регионот објави дека пилотот пријавил дека ги изгубил двата мотори на авионот и дека не можел да стигне до аеродромот.
Снимките на социјалните мрежи покажаа дека властите интервенираат од воздух и од земја на локацијата на урнатините.