İdris Sülün
28 Декември 2021•Ажурирај: 29 Декември 2021
ТОПИКА
Млад Aфроамериканец, кој престојувал во воспитно-поправен дом во Канзас, САД, починал како последица на насилството на кое бил изложен, пренесува Агенција Анадолија (АА).
17 годишниот афроамериканец Седрик Лофтон, кој престојувал во воспитно-поправен дом во Седвик, Канзас, починал во болницата во која бил пренесен по тепачката со персоналот.
Во обдукцискиот извештај подготвен од страна на органите на судска медицина констатирано е дека тинејџерот е убиен.
Раководството на воспитно-поправен дом тврдеа дека Лофтон не претрпел повреди кои би можеле да бидат опасни по живот.
Во обдукцискиот извештај се наведува дека жртвата бил врзана со лисици и лежел на стомакот, потоа останал без здив и неговото срце престанало да работи.
Лофтон извесно време бил држен со лисици, откако настанале расправии со персоналот на воспитно-поправен дом на 24 септември.
Младиот човек поради ударите кои ги добил во тепачката бил пренесен во болница, а два дена подоцна починал.
Ендрју Строт, адвокат за човекови права што го застапува семејството Лофтон, изјави: „Семејството ги загуби синот и братот. Ова е трагична и смрт за која нема оправдување. Семејството ќе продолжи да бара одговорност за убиството, преземајќи ги сите правни мерки.“
Исто така наведено е дека персоналот, чиј идентитет не се открива, е испратен на платено административно отсуство.
Марк Бенет, окружниот обвинител во Седвик, изјави дека неговата канцеларија работи и со друго институции за да се истражи случајот и извештајот од обдукцијата.