Dildar Baykan
05 Декември 2019•Ажурирај: 06 Декември 2019
ВАШИНГТОН (АА) - Во вооружен напад во базата „Перл Харбор“ во Соединетите Американски Држави (САД), загинаа две лица, а едно е рането, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Локалните медиуми јавија дека до вооружениот напад дошло на бродоградилиштето на базата „Перл Харбор-Хикам“, на Хаваите.
Безбедносните официјални претставници соопштија дека загинале двајца, а дека е ранет еден цивил.
Настраданите цивили биле вработени во Министерството за одбрана. Напаѓачот бил американски морнар, а по нападот се самоубил.
Базата по нападот беше привремено затворена.