Associated Press
16 Ноември 2024•Ажурирај: 17 Ноември 2024
ДАЛАС (АА) - Авион на „Саутвест ерлајнс“ кој се подготвувал за полетување од аеродромот во Далас бил погоден со куршум, поради што летот бил откажан во петокот вечерта, објави авиокомпанијата, пренесува Анадолу.
Во инцидентот нема повредени, а полицијата дошла на лице место откако била информирана дека куршум ја погодил десната страна на авионот, под пилотската кабина. Во тоа време, екипажот на летот 2494 го подготвувал авионот за полетување од аеродромот во „Далас Лав Филд“, се наведува во соопштението на компанијата „Саутвест“.
Федералната управа за авијација објави дека авионот се вратил и патниците се симнале.
Авиокомпанијата соопшти дека авионот е отстранет од пистата, а на патниците ќе им бидат надоместени трошоците за летот.