Gamze Türkoğlu Oğuz
22 Октомври 2017•Ажурирај: 22 Октомври 2017
ЊУЈОРК (АА) - Пет поранешни претседатели на САД, Џими Картер, Барак Обама, Бил Клинтон, и таткото и синот Џорџ Буш присуствуваа на хуманитарниот концерт посветен на жртвите од ураганот Ирма и Марија.
Концертот е организиран во сојузната американска држава Тексас со цел да се собере помош за населението на Тексас, Флорида, Луизијана, Порто Рико и Девствените Острови. Петте поранешни претседатели последен пат се собраа во 2013 година.
На концертот настапија Сем Мур, Јоланда Адамс, Лајл Ловет, Роберт Ерл Кин и групата Алабама, а специјална гостинка беше Лејди Гага, јавува Anadolu Agency (AA).
Џим Мекграт, портпаролот на Џорџ Буш, соопшти дека за време на кампањата која ја поддржаа поранешните претседатели, од 7 септември биле собрани 31 милион долари.
За време на концертот прикажана е видеоснимка од сегашниот американски претседател Доналд Трамп, во која поранешните претседатели ги нарече најдобри американски државни службеници.
„Овој прекрасен труд нѐ потсетува дека сме еден народ пред Бог, обединети со нашите вредности и зависни едни од други“, изјави Трамп.