Hakan Çopur
19 Октомври 2017•Ажурирај: 20 Октомври 2017
ВАШИНГТОН (АА) - Советот за американско-исламски односи (CAIR), истакната граѓанска организација којашто ги претставува муслиманите во САД, одржа протести пред Белата куќа, против имплементацијата на забраната за патување од страна на претседателот на САД, Доналд Трамп, јавува Anadolu Agency (AA).
На овој протест учествуваа стотици лица од повеќе американски сојузни држави.
Американските демонстранти од различна етничка припадност истакнаа дека овие забрани на Трамп се насочени против муслиманите.
Демонстрантите извикуваа пароли како: „Да нема забрана за муслиманите“ и „Откажете се од етикетирање на муслиманите“.
Тие маршираа од пред Белата куќа до хотелот на претседателот Трамп, „Trump International Hotel“ (Трамп интернешнал хотел).
Инаку, одлуката на американската Влада донесена на 24 септември, која го ограничува патувањето на државјаните од осум земји, првин беше суспендирана од страна на федералниот судија од Хаваи, Дерик Ватсон, а потоа од страна на федералниот судија од Мериленд, Теодор Чуанг.
Меѓу другото, владата на Трамп соопшти дека споменатата одлука ќе ја поднесе до Апелациониот суд, а ако има потреба и до Врховниот суд.