Can Erözden
18 Декември 2018•Ажурирај: 19 Декември 2018
ЊУЈОРК (АА) - Млада Сиријка, која пред две и пол години ја напуштила татковината и засолниште нашла во Соединетите Американски Држави (САД), е хоспитализирана откако се соочи со расистички напад во нејзиното средно училиште минатата недела, јавува Anadolu Agency (AA).
Сириската тинејџерка Сејма (15), којa носи шамија, во петокот е удрeна од друга ученичка во тоалетот во Средното училиште „Chartiers Valley“ во Питсбург, Пенсилванија“, изјави турски државјанин кој побара да не биде именуван.
Таа се онесвестила по ударот поради што била однесена во болница.
Девојчето што ја удрило било дел од група која пушела електрични цигари во тоалетот. Групата ја принудувала Сејма да ги напушти просториите; кога таа одбила, ја турнале на земја и ја удриле.
Ученичката што ја удрила ѝ велела на Сејма дека би ја навредувала и на арапски јазик доколку го знаела јазикот.
Насилниот инцидент бил снимен од другите ученици на нивните телефони и објавен на социјалните мрежи.
Видеото доби онлајн поддршка, барајќи правда за Сејма.
Исто така, поднесена е петиција и се очекува случајот да биде пренесен до Федералното обвинителство.
Сејма беше отпуштена од болницата доцна во неделата, додека девојчето што ја нападна е суспендирано од училиштето три дена.
Семејството на Сејма избегало од граѓанската војна во Сирија во средината на 2016 година и се населило во Питсбург, во сојузната американска држава Пенсилванија.