Ekipa
06 Март 2018•Ажурирај: 06 Март 2018
КИРКВУД (АА) - Мајка и нејзиниот седумгодишен син загинаа во сојузната американска држава Калифорнија, откако врз нив паднал снег од покривот на викендичката, пренесува Anadolu Agency (AA).
Властите во областа Алпина соопштуваат дека 50-годишната Олга Перковиќ од Сан Франциско и нејзиниот седумгодишен син биле пронајдени под снегот, само еден чекор од влезната врата на викендичката.
Спасувачките тимови со часови го пребаруваа Скијачкиот центар „Кирквуд“, каде што мајката и синот претходно скијале.
Тие беа пронајдени закопани еден метар под снегот, кога соседот ги забележал ракавиците до куќата. Лекарите констатираа смрт во болницата.
Мајката и синот се третата и четвртата жртва, кои настрадаа во Скијачкото одморалиште во Калифорнија, откако снежната бура ја зафати оваа област кон крајот на минатата недела.