Ömer Yetkin Acar
06 Март 2018•Ажурирај: 07 Март 2018
САО ПАУЛО (АА) - Група вооружени ограбувачи украле 5 милиони долари од товарен авион што се подготвувал да полета од Бразил за Швајцарија, јавува Anadolu Agency (AA).
Грабежот се случил на аеродромот „Вирапоскос“ во Сао Паоло, само неколку минути пред закажаното полетување за Цирих.
Федералната полиција во Бразил соопшти дека група од најмалку пет вооружени разбојници грабежот го извршиле со возило слично на службените полициски возила.
Администрацијата на аеродромот во Сао Паоло изјави дека за време на грабежот немало жртви, а ограбувачите избегале во непознат правец.
Истрагата за случајот е во тек.