Necva Taştan Sevinç
03 Септември 2024•Ажурирај: 04 Септември 2024
ИСТАНБУЛ (АА) - Четири лица се убиени при пукање со огнено оружје во воз во предградие на Чикаго за време на американскиот Ден на трудот, соопштија локалните власти, пренесува Анадолу.
Инцидентот се случил во возот на „Чикаго Транзит Ауторити Блу Лајн“ во Форест Парк, околу 10 милји западно од центарот на Чикаго, објави вчера „УСА Тудеј“.
Полицијата примила повик за итна помош пред 5:30 часот по локално време, во кој било наведено дека повеќе луѓе биле застрелани во возот.
По пристигнувањето, полицајците пронашле четири жртви. За три лица била констатирана смрт на местото на настанот, а четвртото лице било пренесено во блиската болница, но подоцна починало.
Заменик-началникот на полицијата Кристофер Чин изјави дека сите четири лица најверојатно спиеле кога биле убиени.
Жртвите биле во различни вагони - тројца во еден, а четвртиот во друг. Властите веруваат дека нападот бил случаен.
Убиецот побегнал од местото на настанот, но подоцна бил идентификуван преку видеонадзор.
Осомничениот, чиј идентитет не е објавен, во моментов е во притвор.