Davit Kachkachishvili
03 Септември 2024•Ажурирај: 04 Септември 2024
КИЕВ (АА) - Најмалку две лица, од кои едно дете, загинаа во ракетниот напад извршен од руската армија во текот на ноќта врз хотел во Запорожје, Украина, јавува Анадолу.
Иван Федоров, началникот на Воената управа на регионот Запорожје, објави дека руската армија извршила ракетен напад врз Запорожје околу полноќ.
„Како резултат на рускиот напад врз Запорожје загинаа осумгодишно момче и 38-годишна жена. Ранети се 12-годишно девојче и 43-годишен маж“, изјави Федоров.
Според неговата изјава, последниот ден руските сили извршиле 313 воздушни и артилериски напади врз 11 населени места во Запорожје.
Началникот на воената администрација на регионот Днепропетровск, Сергиј Лисак, изјави дека во текот на ноќта Русија извршила воздушен напад врз градот Днипро.
Лисак објави дека во нападот едно лице загинало, а шест се повредени.