Emre Aytekin
30 Септември 2024•Ажурирај: 01 Октомври 2024
ПЕКИНГ (АА) - Американската администрација објави дека ќе обезбеди воена помош од 567 милиони долари за Тајван, кој е во спор околу суверенитетот со Кина, известува Анадолу.
Во соопштението од Белата куќа се наведува дека американскиот претседател Џо Бајден го овластил Стејт департментот да ја повлече споменатата сума со цел обезбедување одбранбени производи и услуги, воено образование, воена обука и помош на Тајван во согласност со Законот за странска помош од 1961 година.
Ова е досега најголема американска воена помош за Тајван. Вашингтон претходно објави дека во јули 2023 година ќе му биде обезбедена воена помош на Тајван, вклучително и одбранбени производи и услуги во вредност од 345 милиони долари.
САД можат да им донираат воена опрема и оружје од сопствениот инвентар на сојузничките земји во време на криза.