Cüneyt Karadağ
21 Август 2021•Ажурирај: 23 Август 2021
БЕРЛИН (АА) - Соединетите Американски Држави (САД) ќе ја користат воената база „Рамштајн“ во Германија како логистички центар за евакуација на околу 1.000 луѓе од Авганистан, јавува Агенција Анадолија (АА).
Германскиот министер за надворешни работи, Хеико Мас, во Берлин изјави дека Германија се договорила со САД за привремено користење на воздухопловната база за транзит на луѓето кои од Авганистан ќе бидат евакуирани во САД.
Мас истакна дека се согласиле со сите свои партнери ниедно место во авионите за евакуација да не остане празно.
„Според тоа, во иднина, германските државјани или лицата што ги пријавивме, ќе можат да бидат евакуирани со американски летови кон базата Рамштајн“, рече Мас.
Германскиот министер нагласи дека тие се фокусирани на евакуација на што е можно поголем број луѓе од Кабул.
„Рамштајн“, која беше и логистички центар на САД за време на војните во Ирак и Авганистан, се смета за важна воена база во Европа за САД.