Ömer Aydın
23 Март 2018•Ажурирај: 24 Март 2018
БРИСЕЛ (AA) - Претседателот на Франција Емануел Макрон, по самитот на лидерите на Европската унија (ЕУ) во Брисел истакна дека сите лидери ја потврдиле одговорноста на Русија за труење на поранешниот двоен руски шпион Сергеј Скрипал и неговата ќерка во Англија, јавува Anadolu Agency (AA).
„Овој напад го гледаме како сериозна закана на нашата безбедност како и против самиот суверенитет на Европа", рече Макрон на конференцијата за медиуми на која присуствуваше и германската канцеларка Ангела Меркел.
Истакна дека и британската премиерка Тереза Меј ги повикала лидерите на ЕУ да се обединат и да ја осудат Русија, која ја обвинуваат за труење на поранешниот руски двоен шпион и неговата ќерка.
„Сите земји членки изразија полна поддршка на Велика Британија за тоа прашање", рече францускиот претседател.
Нагласи дека е многу важно ЕУ да заземе заеднички став против ваквиот напад, предупредувајќи дека во спротивен случај, ЕУ не би делувала како суверена заедница.
„Нашиот компас е зачувување на Унијата", порача Макрон.
Главни теми на разговорите на дводневниот самит на ЕУ беа Брегзит, Западен Балкан, Русија, случувањата во Турција и економските прашања.