Shadi Khan Saif
02 Јуни 2020•Ажурирај: 03 Јуни 2020
КАБУЛ
Силна експлозија ја потресе дипломатската енклава која се смета за најсигурен дел на главниот авганистански град Кабул, јавува Агенција Анадолија (АА).
Портпаролот на Министерството за внатрешни работи, Тарек Арјан за АА изјави дека бомбашот самоубиец активирал експлозив во џамијата во строго чуваниот кабулски кварт Вазир Акбар Кан.
Тој рече дека најмалку три лица се повредени во нападот, но дека се очекуваат подетални информации од теренот во наредните часови.