Yusuf Özcan
30 Септември 2021•Ажурирај: 01 Октомври 2021
ПАРИЗ (АА) - Поранешниот претседател на Франција, Николас Саркози, е прогласен за виновен поради незаконско финансирање на претседателските избори во 2012 година, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Саркози е прогласен за виновен за илегално финансирање во рамки на судскиот процес кој во парискиот суд трае од 20 мај досега.
Саркози не учествуваше на рочиштето, додека судот одлучи дека Саркози знаел оти е надминат законскиот лимит за трошење на претседателските избори.
Поранешниот француски претседател доби казна домашен притвор од една година.
Исто така, во истото рочиште за виновни се прогласени и 13 други лица.
Инаку, Саркози во рамки на судското рочиште во јуни ги одби сите обвиненија.