Ahmed al-Masri,Hacer Başer
05 Ноември 2017•Ажурирај: 05 Ноември 2017
САНА (AA) - На североистокот на Ријад, главниот град на Саудиска Арабија уништена е балистичка ракета истрелана од Јемен, јавува Anadolu Agency (AA).
Ракетата е уништена со помош на противвоздушен систем. Локалните медиуми наведуваат дека проектилот е уништен на северот на Меѓународниот аеродром Крал Халид во Ријад и дека падна на ненаселено, празно подрачје.
Истакнаа дека немаше човечки жртви ниту материјална штета. Според наводите на локалните медиуми, продолжено е и нормално функционирање на воздушниот сообраќај.
Членовите на шиитското движење Хуси објавија дека истрелаа балистичка ракета на аеродром во Ријад.
Јемен е местото на длабока политичка и безбедносна криза која кон крајот на 2014 година ескалираше во граѓанска војна, кога бунтовниците предводени од шиитското движење Хуси и Конгресот предводен од соборениот претседател Али Абдула Салех го зазедоа главниот јеменски град Сана, а потоа и други региони.
Претседателот Јемен Абд Рабуб Мансур Хади и неговата влада избегаа во Саудиска Арабија. Јужниот град Аден во моментов е административен центар на меѓународно призната јеменска влада.