Ramazan Turgut
12 Декември 2015•Ажурирај: 13 Декември 2015
РИЈАД (АА) - Во Саудиска Арабија денес се отворени бирачките места на првите локални избори на кои може жените да гласаат и да бидат гласани, јавува Anadolu Agency (AA).
На локалните избори, во 17 подрачја ќе можат да гласаат вкупно 487.477 избирачи, од кои само 130.637 жени.
На кандидатските листи се наоѓаат вкупно 6.917 лица, од кои 979 жени.
Според законите на Саудиска Арабија кои беа изразито дискриминаторски кон жените, не им беше дозволено да гласаат на изборите, како ни да бидат бирани. Откако, некогашниот крал Абдула бин Абдулазиз на 25-ти септември 2011 година воведе промени, на жените им е овозможено на локалните избори во 2015 година да бидат кандидати, но и да гласаат.
Меѓутоа, мажите и жените ги уфрлуваат своите гласачки ливчиња во одвоени кутии на бирачките места.
Општинските совети за кои се изведуваат локалните избори во Саудиска Арабија немаат законодавна власт. Тие само го надгледуваат спроведувањето на одредени прашања, како што се буџетите за одржување и унапредување на јавните објекти и слично. Сите главни одлуки за функционирање на земјата се во рацете на кралот Селман и неговиот Кабинет на министри кој го сочинуваат мажи.