Mahmut Geldi
19 Април 2020•Ажурирај: 20 Април 2020
ИСТАНБУЛ
Од 2015 година кога саудискиот крал Селман бин Абдулазиз Ал Суд дојде на власт, бројката на егзекутирани лица достигна 800, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Меѓународната група за човекови права „Reprieve“ со седиште во британскиот главен град Лондон, објави соопштение во врска со егзекуциите во Саудиска Арабија и растот во притисоците врз дисидентите.
Во соопштението се нагласува дека ветувањата кои претходно ги дал саудискиот престолонаследник, принцот Мухамед бин Салман, во врска со намалувањето на смртните казни во земјата, не се совпаѓаат со фактите.
Според соопштеното, од 23 јануари 2015 година кога кралот Салман дојде на власт, досега бројот на егзекуциите достигна на 800.
Во ова соопштение се истакнува дека во периодот пред кралот Салман, односно во периодот од 2009 до 2014 година бројката на егзекутираните лица изнесувала 423, додека се вели дека оваа бројка е двојно зголемена во периодот на кралот Салман и неговиот син, принцот бин Салман.
Меѓу другото, во соопштението се нагласува дека ако се земе во предвид периодот кога „Reprieve" почнала да ги следи настаните во Саудиска Арабија, најмногу егзекуции биле извршени во 2019 година, односно биле извршени 185 егзекуции.
Се вели дека властите во Ријад минатата година колективно егзекутирале 37 лица, меѓу кои и деца.
Во ова соопштение се наведува дека моментално 13 обвинети во Саудиска Арабија чекаат да бидат егзекутирани.
Според соопштението, Али ед Дубејси од Групата за човекови права истакна дека тоа што децата и идеолошките затвореници во Саудиска Арабија се таргетирани, докажува дека егзекуциите се користат како алатка за политичка одмазда.