Emel Gözellik
15 Јануари 2021•Ажурирај: 15 Јануари 2021
АНКАРА
Светската метеоролошка организација (WMO) соопшти дека 2020 година е една од трите најтопли години, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во соопштението на WMO се наведува дека по 2016 и 2019 година, 2020 година била трета најтопла година.
Според податоците на WMO, просечната глобална температура во 2020 година била 1,2 степени повисока споредено со прединдустрискиот период.
„Тоа што WMO потврди дека 2020 е една од најтоплите години е зачудувачки потсетник на бруталната брзина на климатските промени кои го уништуваат изворите за живот и егзистенција во нашата планета“, истакна генералниот секретар на Обединетите нации (ОН), Антонио Гутереш, во врска со податоците на WMO.
Гутереш рече дека живеење во хармонија со природата е одлучувачката мисија на 21. век, и додаде: „Тоа треба да биде приоритетна мисија за секого“.