Riyaz Khaliq Khaliq
05 Август 2024•Ажурирај: 07 Август 2024
СЕУЛ (АА) - Северна Кореја распореди нов тип тактички балистички проектили на своите граници, објавија денес државните медиуми, пренесува Анадолу.
Лидерот на земјата Ким Џонг Ун вчера нареди да се пренесат ракетни фрлачи во пограничните воени единици.
„Независноста, правдата и мирот се цврсто загарантирани со апсолутната и неспоредливата способност за самоодбрана“, рече Ким на церемонијата во главниот град Пјонгјанг, додавајќи:
„Нашата вечна победа, вистински мир, среќа и просперитет се обезбедени со сè поголемата силна и неограничена моќ. Економската изградба, зајакнувањето на одбранбените способности, подобрувањето на животниот стандард на луѓето, помошта во случај на природни катастрофи итн. се клучни работи и главни функции на државата и сето тоа никогаш не треба да се занемари“, рече Ким.
Тој напомена дека распоредувањето нов тип тактичка балистичка ракета доаѓа во време кога Северна Кореја е погодена од поплави.
Централните и северните делови на земјата ги зафатија поплави, поради што се раселени илјадници луѓе.