Elena Teslova
24 Април 2019•Ажурирај: 25 Април 2019
МОСКВА (АА) - Во пресрет на утрешниот самит, севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун пристигна во Владивосток, рускиот град на крајниот исток, со блиндиран воз, пренесува Anadolu Agency (AA).
„На железничката станица Ким беше свечено пречекан од рускиот заменик-министер за надворешни работи, Игор Моргулов, и Олег Кожемјако, гувернерот на регионот“, се вели во соопштението на руското Министерство за надворешни работи.
На пречекот, оркестар ја изведуваше националната химна на Северна Кореја, а почесната гарда го поздрави Ким на црвениот тепих.
Во обраќањето пред руската делегација, Ким рече дека се надева оти неговата посета на Русија ќе биде корисна.
Тој додаде дека тој и рускиот претседател Владимир Путин ќе разговараат за билатералната соработка и за теми поврзани за Корејскиот Полуостров.
На својот пат кон Владивосток, Ким го посети музејот изграден во чест на посетата на неговиот татко на Русија.
Ова е прва посета на Ким на Русија, и ќе трае до сабота.